Малта ќе биде идниот претседавач на ОБСЕ

од Nikola Popovski

Шефот на македонската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи попладнево информираше дека денес на подготвителниот состанок и Постојаниот совет, амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнале консензус и се донело одлука што го отвора патот за идниот претседавач на ОБСЕ 2024.

Одлуката ќе биде потврдена на 30-от Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

-Благодарност до Малта за подготвеноста да ја преземе оваа витална улога и на сите земји учеснички и партнери на ОБСЕ за флексибилноста и поддршката, порача Османи.

Немањето претседавач не е единствениот предизвик со кој се соочува ОБСЕ. На 4 декември истекнува мандатот и на четворицата извршни лидери во Организацијата: генералниот секретар, директорот на ОДИХР, високиот претставник за национални малцинства и претставникот за слобода на медиумите. Тука е и прашањето за буџетот кој не е одобрен од 2021 година, како и 13 теренски операции што ги има организацијата во моментов.

На  Министерскиот совет е предвидено одржување и на повеќе други, т.н. странични настани, за кои се планирани неколку теми: Украина, климатски промени, млади и цивилно општество.

Слични содржини