Манчевски со повик до роднини на функционери да се повлечат од работните места во администрација

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски ги повика роднините на функционери од власта и од опозицијата да се повлечат од своите работни места во јавната администрација.

Според него,  вработувањата ќе бидат доставени за анализа во Антикорупциска комисија.

-Ургентно е веднаш да се повлечат и тие од власт и од опозицијата. Ги повикуваме сите и до власта и од опозицијата да се повлечат, сите податоци и за едните и за другите ќе ги доставиме до Антикорупциска комисија, изјави Манчевски.

Тој додаде дека не знае колкумина се веќе вработени, а кои се блиски до функционерите од власта и оти во иднина ќе има измени во начинот на вработувања. Тој го лоцира проблемот во раководната служба.