Манијак се соблекувал пред ученици и наставничка во основно училиште

од Nikola Popovski

Машко лице се соблекувало пред деца до спортски терен во склоп на училиште, вака било пријавено во Министерството за внатрешни работи.

– На 14.12.2022 во 11.30 часот М.В.С.(41) од Скопје (директорка на основно училиште) пријавила дека во кругот на основно училиште на подрачјето на Центар, поточно до спортскиот терен, непознато лице се соблекувало, а било забележано од ученици и наставничка, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини