Манијак се самозадоволувал пред малолетничка, полицијата го приведе

од Nikola Popovski

Охридската полиција приведе манијак кој се самозадоволувал пред малолетничка.

Според објавеното, рано утрово во 02.20 часот на ул.„7-ми Ноември” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.С.(24) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 31.08.2021 околу 21.45 часот на ул.„Даме Груев” во Охрид се соблекувал и самозадоволувал пред малолетничка од Охрид.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини