МАПА: Покрај Скопје, во овие два града во Македонија со брз раст се шири коронавирусот

од Берта Китинска

Потврден коронавирус има кај 570 луѓе во земјава, од кои 239 се од Скопје. По поминати 24 часа, до вчера во 15 часот беше соопштено за 15 новодијагностицирани и за тројца починати.

Заклучно со 05.04.2020, според Институтот за јавно здравје пријавени се вкупно 570 случаи на COVID-19 (I=27,5/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 18 градови: Скопје (239), Куманово (121), Дебар (49), Прилеп (33), Тетово (29), Струга (25), Штип (20), Кочани (14), Велес (10), Битола (6), Радовиш (4), Гевгелија (4), Гостивар (4), Охрид (3), Крива Паланка (3), Кавадарци (2), Струмица (2) и Крушево (2) (Картограм 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 84,8, додека инциденца над 30 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Штип, Прилеп и Струга.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 276 машки и 294 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 26,6/100.000, додека кај женските 28,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 44,9 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 124 (21,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 44,6/100.000 (Графикон 1).

Слични содржини