Марадона успешно се опоравува по операцијата на хематомот на мозокот

од Vladimir Zorba

Фантастични вести пристигнуваат од Јужна Америка. Легендарниот Аргентинец Диего Армандо Марадона успешно се опоравува по операцијата на хематом на неговиот мозок.

Неговиот лекар Леополдо Луке на социјалните мрежи ја сподели првата фотографија од легендарниот „Ел Пибе“, кој по тешката операција се уште е во болница.

Опоравувањето сè уште трае, но фудбалскиот свет беше воодушевен од првата фотографија по операцијата на Марадона, што покажува дека тој е добро, без оглед на тоа што скоро половина од главата му е покриена со газа.

„Јас ти го дадов зборот, ти веруваше и работевме заедно. Борбата продолжува, но денес го славиме овој чекор“, напиша Леополдо на Твитер.

Слични содржини