Марез уште е лут, не тренира веќе девет дена

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Лестер, Ријад Марез продолжува да се лути на раководството на клубот за неговиот неуспешен трансфер во Манчестер Сити.

Алжирецот одлучи да не тренира со своите соиграчи и не се појавил девет дена на тренинг терените.

Шефовите на „лисиците“ се очекува да остварат разговори со Марез, со цел да ги избалансираат односите.

Дури планирале да не го казнат, пишуваат денеска на Островот.

Меѓутоа, таква разврска е се помалку веројатна и речиси сигурно последиците за играчот од средниот ред ќе бидат големи.

Слични содржини