Маричиќ: Делото на Кирил и Методиј засекогаш ќе остане дел од богатата македонска и сесловенска историја

од Nikola Popovski

Министерот за правда Бојан Маричиќ, по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј испрати честитка до граѓаните.

-Секоја година на 24 Мај го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, браќата кои се најзаслужни за описменувањето и ширењето на христијанството меѓу словенските народи. Нивното дело, со кои им се овозможи на словенските народи да бидат дел од развиена Европа, беше препознаено и од Ватикан, а Светите браќа се прогласени за заштитници на Европа. Нивната работа резултираше со создавањето на првата азбука – глаголицата, што е основ, подоцна нивниот следбеник Свети Климент Охридски да ја создаде кирилицата, која пак е темелот за стандардизацијата на македонскиот јазик. Делото на Светите браќа Кирил и Методиј никогаш нема да биде заборавено и засекогаш ќе остане дел од богатата македонска и сесловенска историја. Нека е честит и вечен 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, напиша Маричиќ.

Слични содржини