Маричиќ: Oд „Левица“ има попишувачи, добро е што партијата учествува во системот

од Берта Китинска

Немаме информации за мосовен бојкот никаде, впрочем од Левица видовме дека има и попишувачи, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, во дневникот на „Сител“.

-Тоа е утврдено на отворениот повик на кој секој можеше да се пријави. Заводот за статиситка не правеше контрола кој од која партија е, и тоа е уште еден доказ дека пописот не е партизиран и дека сите партии успеале да се вклучат, кажа Маричиќ.

Тој додаде дека добро е што партијата учествува во системот и дека ја прифатиле реланоста дека ова е техничка операција.

Слични содржини