Маричиќ: Да им ја донесеме ЕУ дома на младите до 2030-та

од Vladimir Zorba
307 прегледи

„ЕУ обезбедува можности и за нашите млади. Македонската младина со проектот „ЕУ за млади“ наменет за вработување, обука и практикантство, добива директна буџетска поддршка од 15 милиони евра. Дополнително, во новата ИПА III програма ќе има уште околу 18 милиони евра за „гаранција за млади“, сподели на својот Фејсбук профил вицепремиерот Бојан Маричиќ.

„Мобилноста, знаењето и вештините што им стануваат достапни на младите преку програмите и фондовите на ЕУ им отвораат светла перспектива.

Нашата грижа за младите е да бидат еднакви со своите врсници во ЕУ. Да им ја донесеме ЕУ дома и да ги препознаат можностите во сопствената земја членка на ЕУ. Тоа ќе го постигнеме до 2030 година!“, порача тој.

Слични содржини