Маричиќ: Ковачевски има одлична комуникација со Заев, како и со сите претходни претседатели, сите кои го гледаат СДСМ како свој политички дом

од Vladimir Zorba

„Поранешниот претседател на СДСМ, Заев повеќе пати јавно демонстрираше подршка на претседателот Ковачевски, на заеднички средби и присуство на настани, и сите поранешни лидери тоа треба да го следат како пример. Неговото политичко наследство и сето она што го прави во овој период укажува на тоа дека дава целосна подршка на партијата и нивните односи се одлучни,“ рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата 360 степени на МРТ 1,за комуникацијата на Заев-Ковачевски.

Тој посочи дека важно е, а и дека Ковачевски има комуникација и со другите претходни лидери на партијата, затоа што важно е да се вградат сега во овој процес пред изборите но, и не само сега и воопшто, со Шекеринска, Спасовски, Бучковски, Црвенковски, сите кои го гледаат СДСМ како свој политички дом.

Маричиќ во врска со тоа дали чувствува СДСМ вознемиреност од ЗНАМ на Максим Димитриевски рече дека нема такво нешто, како и дека не се исклучени разговори и соработка со ниту една партија, особено во вториот круг. Важно е, рече Маричиќ, да знаеме на кои принципиелни позиции стоиме, а СДСМ јасно ги има дефинирано и не се плаши од ниту една друга политичка партија.

Маричиќ потврди дека Ковачевски секако ќе биде носител на листа за ИЕ, а потврди дека и тој истакнал кандидатура за пратеник , како и дека не е исклучено ни Венко Филипче да учествува на било која точка наредниот период, истакнувајќи дека е активен во партијата.

Слични содржини