Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен денеска го окарактеризира вербалниот судир меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски како „шлаканица за Европа“, велејќи дека безбедноста на европскиот континент е оставена на милост и немилост на Вашингтон.
Зборувајќи на саемот за земјоделство во Париз, Ле Пен истакнала дека овој конфликт го нагласува недостигот на стратешка автономија на Европа, пренесува Politico.eu
На состанокот одржан во Белата куќа во петокот, Трамп и американскиот потпретседател Џ.Д. Венс го критикуваа Зеленски, обвинувајќи го дека не е доволно благодарен за американската поддршка за Украина. Вербалниот конфликт во Белата куќа заврши така што Трамп ја откажа планираната прес-конференција и го суспендираше потпишувањето на рамковниот договор за експлоатација на минерални суровини во Украина.