Од најсмешниот вирус, преку забрана за патување, СМС предупредувања за италијанско и шпанско сценарио, забрана за прослави, фудбалски натпревар до колапс на здравствениот.Епидемијата го промени ликот на светот, на нашите животи, седевме во карантини, не можевме да се видиме едни со други ,нè натера да носиме маски и да не се гушкаме кога е се видиме бидејќи треба да се одржува дистанца. Многу бизниси пропаднаа, а болниците се наполнија со пациенти.
Ова се делови од сложувалката што ја прикажува борбата на Македонија против корона во изминатата година.
Од првиот регистриран случај – 26 февруари – бројот на заразени надмина 80.000 на крајот на декември, а повеќе од 2.000 луѓе починаа.
Пандемијата нагло се забрза од септември месец. А, најголемиот број на заразени на дневно ниво според податоците на Институтот за јавно здравје имало на 17 ноември.
Што се случи во 2020 година во борбата против вирусот корона?
Првиот случај на коронавирус во светот беше пријавен на крајот на 2019 година во Кина. Вирусот во Македонија беше регистриран во февруари и беше донесен од Италија.
Првиот дијагностициран во земјата е жена која го добила вирусот во Италија и таму ја поминала инкубацијата. Бројот на заразени започнал интензивно да се искачува од почетокот на март.
Кон крајот на месецот, на скопскиот аеродром беа инсталирана камера за термичка слика, која ја детектира телесната температура.
Државните установи ги донесоа првите позначајни мерки за превенција од ширењето на вирусот на 10 март, затворајќи ги сите образовни установи и забранувајќи ги јавните настани. На 13 март поради големиот број на заразени и можноста за ширење на вирусот, беше прогласена кризна состојба во соседните општини Дебар и Центар Жупа. Тие практично беа ставени под карантин, со зголемено присуство на итните служби и со ангажирање на армијата.
По предлог на техничката влада, вечерта на 18 март од страна на претседателот Стево Пендаровски поради пандемијата беше воведена вонредна состојба на целата територија, така што било првпат во историјата на државата да се воведе оваа мерка.
Пандемијата ја зафати Македонија во време кога Собранието е распуштено поради распишувањето на предвремени парламентарни избори кои се одржале на 15 јули, а извршната власт до тогаш ја има техничка влада.
Во моментов во државата е прогласена крзина состојба која ќе трае до до 30 јуни 2021 година.
Покрај носењето маска на отворено, збрана за собири на јавен простор не повеќе од четири на сила од 18 декември до 20 јануари ќе важат новите мерки, атоа се однесува нa ограничување на работата на угостителските објекти наместо до 21 часот да биде до 18 часот, освен за угостителските објекти кои остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт).
Дополнително, работата на угостителските објекти до 18 часот, да биде спроведена во рамките на веќе усвоените протоколи за работа. Оваа мерка да почне да се применува од 18 декември 2020 година до 21 јануари 2021 година.
Вкупната бројка во моментов на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82794, бројката на оздравени пациенти е 60706, на починати е 2488, а бројот на активни случаи изнесува 19600.