Еден од најистакнатите математичари, Мајкл Атија, тврди дека пронашол докаж за Римановата хипотеза – еден од шесте математички проблеми за чие решение предвидена е награда од милион долари, а кој 160 години ги излудува математичарите.

Сега пензионираниот Атија (89), наградуван британско-либански математичар, ја претстави својата работа на собирот во хајделберг, за која тврди дека е „едноставен доказ“ за Римановата хипотеза, а дали успал да ја реши како една од нерешивите проблеми во математиката, ќе итврди комисија, наведува магазинот Њу сајантист.
Доколку решението на Римановата хипотеза се потврди, тоа ќе биде голема вест, оценува британскиот магазин, укажувајчи дека мешу другото, таа хипотеза е блиску поврзана со делење прости броеви, кои не можат да се делат ни со еден цел број освен со самите себе и со еден.
„Доколку се докаже таа хипотеза дека е точна, математичарите ќе бидат снабдени со мапа за лоцирање на сите такви основни броеви, што ќе биде значително поместување со далекусежни ефекти на тоа поле“, се вели во текстот.
Наградата од милион долари, ветена за решение од шест нерешени „Милениумски проблеми“ во математиката, која ја постави Институтот за атематика „Клеј“, многу математичари со годин ги става на искушение да се впуштат во потрага по решение на Римановите хипотези, но ни еден од нив до сега не дошол до наградата.
Атија, кој е добитник на Филдсовата медаља и Абеловата награда, свесен е за својата историја на неуспех и истоветни обиди.
„Никој не верува дека воопшто постои доказ за Римановата хипотеза, а камоли тој доказ да го пружи некој кој има 90 години“, вели тој, сепак изразувајќи надеж дека неговара презентација ќе ги убеди неговите колеги во спротивното.