Материјална штета на повеќе локации во Аеродром поради невремето

од Nikola Popovski

Надлежните во општина Аеродром излегле на терен после силното невреме што го зафати овој дел од градот. Од општината информираат дека градоначалникот Тимчо Муцунски ги посетил најпогодените од невремето.

-По силното невреме што попладнево го зафати Аеродром, при што беше причинета материјална штета на повеќе локации низ општината, градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со општинските служби веднаш излегоа на терен и ги посетија жителите кои претрпеа најголеми штети во временската непогода.

Граѓаните можат да бидат сигурни дека имаат вистински партнер во Општина Аеродром, а нашите служби работат со сите засегнати страни на што побрзо санирање на штетите.

Остануваме на терен сѐ додека е потребно и додека не бидат отстранети сите опасности за граѓаните, велат од општина Аеродром.

Слични содржини