Матурантите од пратениците ќе бараат поддршка за измени во полагањето на матурата

од Берта Китинска

Денес го завршуваме бојкотот, а утре заедно со нашите претставници  и средношколци ќе одлучиме дали ќе продолжиме со бојкот или ќе превземеме порадикални чекор, велат од Средношколскиот Сојуз.

Оттаму додаваат дека имаат доставено писма со барање до 85 пратеници во Собранието за да се отвори дискусија за државната матура.

Наставата ја бојктораат 78 % од матурантите во земјава, велат од Сојузот на средношколци. Тие велат  дека можат да стигнат и до 100 проценти ако немало погрешно информирање и заканувате.

Средношколците ја бојкотираа наставата со цел МОН да го намали бројот на предмети кои треба да ги полагаат во државната матура, наместо четири предмети да полагаат два и тоа мајчин јазик и втор предмет по избор на ученикот.

Слични содржини