Матурантите полагаат втор дел од државната матура

од Берта Китинска

Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат.

Математика ќе полагаат 1231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.

Првиот испит – Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски), кој е задолжителен, го полагаа на 4 јуни.

Резултатите од двата екстерни испита треба да бидат објавени најдоцна за 30 дена.

Од вкупно 15 899 кандидати, 14 320 се пријавиле за англиски јазик.

Слични содржини