Маж од Куманово наместо во самоизолација отишол во Австрија

од Берта Китинска

Маж од Куманово заработни кривична пријава бидејќи наместо во самоизолација заминал во Австрија.

-На 12.06.2020, од страна на Центарот за јавно здравје бил доставен список во СВР Куманово, во кој се наоѓал пријавениот, а при извршена контрола на 16.06.2020 од полициски службеници од СВР Куманово, било констатирано дека тој на 11.06.2020, покрај изречена мерка лекување и изолација во домашни услови, заминал за Р.Австрија, без притоа да ги почитува постоечките протоколи, а со тоа го сторил и кривичното дело, велат од полицијата.

Слични содржини