Маж од Тетово ја претепал сопругата, а на роднините им се заканувал со пиштол

од Stefanija Kuzmanovska

Триесет и тригодишен тетовец физички ја нападнал сопругата, на останатите членови на семејството им се заканувал со пиштол, а кај него бил пронајден и кокаин.

Како што објави полицијата, тој се гони за повеќе кривични дела „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство, „телесна повреда“ при семејно насилство и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Станува збор за лице со иницијали Н.С. и во моментов се наоѓа во притвор, соопштуваат од МВР.

Слични содржини