Маж пронајден починат во внатрешноста на трансформатор за струја

од Берта Китинска

Вчера во 16 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека во електричен трансформатор поставен во комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово, без знаци за живот бил пронајден 38-годишниот тетовец А.У.

Го пронашол и случајот го пријавил чуварот на комплексот, по што Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Слични содржини