Маж роден без пенис конечно ќе води љубов со девојката

од desk2
244 прегледи

 

Ендру Вардл (44) се родил со ретко нарушување во кое мочниот меур и мочниот канал му биле надвор од телото. Од тоа боледува еден од 30 милиони мажи. Лекарите му ги вратиле назад во телото, тестисите му пораснале, но не и пенисот.

Овој угостител од Манестер бил многу очаен поради својата состојба поради што се обидел и да се убие, но го спречиле во последен момент.Криел дека нема пенис од своите девојки, но и од пријателите.

За него сега постои надеж. Лекарите му ја завршуваат реконструкцијата на пенсот, а тоа се нарекува фалопластика. За тоа се подготвувал неколку години, и бил на неколку операции. Трошокот е 50.000 фунти, но тоа ќе го плати Националната здравствена служба на Велика Британија.

Хирурзите од болница во Лондон му зеле кожа, мускули и нерви од подлактицата, и направиле пенис, а потоа му вградиле посебна пумпа која ќе му овозможи ерекција со притискање на прекинувач кој се наоѓа кај тестисите.

https://www.youtube.com/watch?v=F0de4INYnoI

Во стомачната празнина има и вреќичка со течност која е задолжена за полнење на пенисот како со крв при нормална ерекција. Со повторно притискање на прекинувачот таа ќе се враќа назад.

Последниот стадиум е во тек, а реконструираниот пенис ќе стои во ерекција 10 дена. Потоа прв пат ќе води љубов со својата долгогодишна девојка Федра фабијан.

За тоа ќе треба да почека уште шест недели откако лекарите ќе ја прекинат десетдневната ерекција.

„Многу сум возбуден. Поминав 44 години без пенис и се носев со тоа што не можам да водам љубов.Ќе ми треба време да се навикнам. Тоа ќе ми овозможи да се чувствувам како дел од општеството“, вели тој.

„Се чувствуавм добро, ми дадо лекови против болка, но сигурен сум дека подоцна малку ќе боли. Свесен сум дека во мене постои роботика. Сега сим получовек, полуробот, како бионички човек. Ќе можам да имам ерекција и кога сум пијан“, се шегува тој.

Неговата девојка е покрај него, а го сакала сите овие години иако врската им била платонска.

Пред неколку години, кога неговата приказна прв пат се појави во јавноста, раскина со него, но не затоа што нема пенис, туку затоа што не и кажал. Тоа го дознала од медиумите.

Потоа му простила.


Тој во документарецот за него раскажува и за врските со други девојки.

„Една ми удри шлаканица кога и признав за својата состојба. Беше бесна“, раскажува тој. Вели дека спиел со стотина жени, а дека само на петтина им кажал дека нема пенис. Кога буквално спиел со нив се вадел дека земал некои дроги поради кои не може да му се дигне во моментот.

Пред шест години дознал за бионички пенис

Дека има надеж за него дознал во 2012 година од докторка по општа пракса која знаела за неговата депресија. Таа му рекла дека не може да живее така и дека еден доктор сака да го види. Тој му рекол дека ќе му направи нов меур, а негов пријател пенис.

Ендру вели дека иако бил во секоја болница во Англија, никој не му ја кажал оваа можност.