Мажите се главни виновници зошто жените се ненаспани

од desk2
177 прегледи

Многу жени често се прашуваат зошто се постојано уморни. Објаснување на ова прашање даде Националната здравствена служба на Велика Британија.

Најновото истражување покажа дека просечната жена во Велика Британија губи три часа сон во текот на ноќта, што на годишно ниво значи околу 1.095 часа сон помалку.

За тоа делумно се виновни мажите: на прво место е нивното ‘рчење, потоа менструални болки и на трето место будење поради децата.

Компанијата Benson for Beds спроведе истражување на 2.000 двојки кои живеат заедно и ги анализираше нивните навики на спиење.

Резултатите покажале дека поради недостатокот на сон жените имале пониска самодоверба, а поголема била и веројатноста да се хранат нездраво бидејќи се постојано уморни.

Една третина од испитаничките рекле дека се будат секоја ноќ, а една од две тврди дека е хронично ненаспана. Од друга страна, само двајца од 10 мажи рекле дека им е пореметен сонот.

Еден од тројца испитаници рекле дека поради исцрпеност се чувствуваат депресивно, а дури 73% рекле дека поради тоа се на работ на нервите.

Покрај тоа што влијае на менталното здравје, недостигот на сон може да предизвика и низа други загрижувачки проблеми.

Хроничниот умор и лошото спиење го зголемува риизкот од болести на срцето и дијабетес, а исто така го скратува животниот век.

За повеќето возрасни луѓе доволни се осум часа непрекинат ноќен сон. За некои луѓе тоа е премалку, за други премногу. Најважно е да ја откриете вашата идеална количина на сон и да воведете режим на спиење до кој ќе се држите.

Тоа значи дека треба да имате од прилика исто време на легнување и станување секој ден, независно од вашите дневни обврски и дали е работен ден или викенд.

Слични содржини