Мажот на Меган Фокс сонува за една ќерка

од Vladimir Zorba

Актерот веќе е татко на четири момчиња.

Мажот на Меган Фокс – Брајан Остин Грин, има четири синови, но сонува за ќерка.
Ѕвездата од серијата “Беверли Хилс 90210” е татко на 4-годишниот Ноа, 3-годишниот Бодхи и бебето Џирни од бракот со Фокс, а исто така има и 15-годишен син Касиус од претходната врска.

Сепак, богатиот татко сака да има ќерка. Во интервју за Hollywood Pipeline вели:

“Имам четири момчиња, со петтото ќе биде кошаркарски тим. Тоа би било одлично! Но, многу сакам ќерка. Ме загрижува само фактот дека ако работиме за уште едно дете, тоа повторно ќе биде момче. Не сум сигурен дека сум подготвен за пет сина”.

Интересно е тоа што Меган Фокс на Instagram публикува пост со благодарност кон својот сопруг и неговото ДНК.

Можно е сопружниците всушност да размислуваат за ново засилување во семејството.

Слични содржини