Мбапе: Кои се фаворити за „Златната топка“? Јас, Бензема…

од Vladimir Zorba
261 прегледи

„Франс Фудбал“ вчера го објави списокот на фудбалери номинирани за „Златната топка“, најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот. Голем фаворит за освојување на таа награда е напаѓачот на Реал, Карим Бензема.

Коефициентот дека Бензема ќе ја добие наградата е околу 1,05, а потоа следат Килијан Мбапе од ПСЖ (коефициент 15) и триото кое го носеше Ливерпул минатата сезона – Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Садио Мане (коефициент 25).

„Убеден сум дека еден ден ќе ја освојам Златната топка во дресот на ПСЖ “, изјави Мбапе и се прогласи за еден од тројцата најдобри минатата сезона, заедно со Бензема и Мане, сенегалскиот напаѓач кој летово го замени Ливерпул за Баерн.

„Карим има 34 години, ја одигра сезоната на својот живот, освои уште една Лига на шампиони, реши толку многу важни натпревари. Да бев на местото на Карим и да не ја освоев наградата сега, ќе престанев да размислувам за Златната топка засекогаш“.

Слични содржини