Мбапе: Заминувам со крената глава, во догледно време ќе го објавам мојот нов клуб

од Vladimir Zorba

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе изјави дека се разделува со Пари Сен Жермен со крената глава по нивната победа од 2-1 над Олимпик Лион во финалето на Купот на Франција.

Мбапе овој месец објави дека ќе го напушти францускиот клуб на крајот на сезоната по седумгодишен ангажман во кој стана нивни најдобар стрелец на сите времиња со 256 гола.

Неговиот последен натпревар за клубот беше во саботното финале во Лил, во кое ПСЖ триумфираше po головите на Усман Дембеле и Фабијан Руиз во првото полувреме.

„Беше и тешко и убаво, затоа што е финале, но на крајот победивме. Полн сум со радост“, им рече Мбапе на новинарите.

„Сето ова се убави спомени, многу години, и во ПСЖ и секако во оваа лига. Заминувам со крената глава, со трофеј и чувам само позитивни моменти“, додаде тој.

Се очекува Мбапе во наредните денови да ја објави својата преселба во шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Запрашан зошто сè уште не го објавил својот следен клуб, 25-годишниот фудбалер рече: „Мислам дека се што сакав беше да завршам добро со мојот клуб. Има трофеј. Мислам дека за се има време. Во догледно време ќе го објавам мојот нов клуб. Мислам дека остануваат само уште неколку дена, така што нема проблем“.

Слични содржини