Медицинска сестра од „8-ми септември“ почина од ковид

од Берта Китинска

Од ковид 19 почина медицинската сестра Нашиде Емини (1961-2021) која долги години била дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје.

„Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.

Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски“ пишува на Фејсбук страната на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

Слични содржини