Ај проверете го радијаторот

На граѓаните на Скопје кои се приклучени на системот за централно греење од денеска требашеда им се испорачува топлинска енергија во нивните домови, најавија на големо од БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика. Сепак, многу радијатори во Скопје останаа студени, и стартот на греењето е главно најжешко социјалните мрежи, порталите и телевизиските најави.
Законската регулатива предвидува доколку, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, и тоа по претходно одобрение од РКЕ.
Сепак проверете, може додека ова го читате веќе сте се загреале, од најавеното парно.