Меџити: Коалицијата на ДУИ со СДСМ беше стратешка одлука и придонесе за ориентација на државата кон евроинтеграциите

од Vladimir Zorba

„Тоа беше барање на граѓаните, тоа беше излез од политичката состојба во која беше падната и изолирана Македонија. Тоа беше стратешка одлука, и се покажа дека придонесе за ориентација на државата кон евроинтеграциите. Ние успеавме бидејќи бевме на иста линија со граѓаните, со меѓународниот фактор, бевме правилно настроени, “ рече Изет Меџити, претседател на Демократско движење, во поткастот „Политиканти“ на Слободен печат, зборувајќи за коалицирањето на ДУИ со СДСМ на изборите во 2016 година.

За Заев, Меџити смета дека имал храброст да влезе во процесот, да смени име, државата денес да биде членка на НАТО и да има стабилни институции.

Во однос на релацијата со Заев, тој рече дека со оглед на тоа дека и двајцата биле градоначалници 3 мандати, нивната соработка започнала на тоа ниво, како членки на ЗЕЛС, како и меѓу првите контакти при формирањето на коалиционата влада.

Слични содржини