Меџити: Со УНИЦЕФ и УСАИД успешно ја спроведовме кампањата за имунизација кај децата

од Nikola Popovski

Со УНИЦЕФ и УСАИД успешно ја спроведовме кампањата за имунизација кај децата, порача министерот за здравство, Фатмир Меџити во своето излагање на стручниот настан посветен на превентивната здравствена заштита, со посебен фокус на имунизацијата и патронажата, во организација на меѓународните организации УНИЦЕФ и УСАИД.

Министерот истакна дека во изминатиот период посветено работеле на реформа во примарната здравствена заштита која е еден од главните столбови во здравствениот сектор.

-Донесовме нов протокол за препишување лекови за хронична терапија кај матичен лекар. Сега пациентите здравствената услуга ја добиваат поблиску до местото на живеење. Го зајакнуваме нашето јавно здравство, посочи Меџити.

Тој информираше дека во претстојниот период активно ќе се работи и во делот на домашната посета.

Слични содржини