Медведев: Нормализирањето на состојбата во Сирија е приоритет за Русија и Турција

од Vladimir Zorba

 

Нормализирањето на ситуацијата во Сирија е приоритетна задача за Русија и Турција, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев на прес-конференција во Москва по средбата со турскиот колега Бинали Јилдирим.medvedev500

Истовремено, Медведев нагласи дека решавањето на сирискиот проблем е пред се прашање на меѓусирискиот дијалог и на определувањето на иднината на земјата.

– Се тоа треба да се направи во рамки на процедурите, кои се предвидени и подготвени од самите Сиријци, истакна Медведев.

Тој додаде дека Русија и Турција ќе го продолжат дијалогот за хуманитарната ситуација во Сирија и за борбата против тероризмот во земјата.

Јилдирим од своја страна истакна дека сирискиот проблем „моментно има големи можности за решавање“ и нагласи дека очекува продолжување на напредокот во таа насока.

Турскиот премиер предупреди дека решавањето на сирискиот конфликт „без дијалог и координирање на активностите може да доведе до несакани последици“

Слични содржини