40-годишниот Флојд Мејведер забележа убедлива победа над ММА борец Конор Макрегер во битка по правилата на боксот, која се одржа во Лас Вегас.

Мејведер останува непоразен во рингот, откако го победи Ирецот со технички нокаут во десеттиот круг.
Во првите три дела Макрегер не отстапи со ништо на непоразениот досега 40-годишен Американец, кој очигледно добро го запознал противникот, по што заигра поагресивно и го диктираше темпото во рингот.
Во деветтиот круг доминацијата на американскиот боксер беше огромна, но Макрегер не допушти да биде нокаутирам. Ова сепак се случи во следните три минути, во кои Мејведер го преплави Ирецот со канонада од прецизни удари и судијата логично ја прекине средбата.

Така Мејведер на убедлив начин стигна до 50-та победа и го собори рекордот на легендарниот Роки Марчиано од 49 победи. За Мекгрегор ова беше прв натпревар на професионалниот ринг. Мејведер се врати во спортот по двегодишно отсуство и уште пред борбата изјави дека ова ќе биде последната битка во неговата кариера.
По средбата Американецот потврди дека неговата одлука е конечна.