Повикот на Доналд Трамп за враќање во Русија во Г7 му штети на американското раководство на меѓународната сцена.
Таквата позиција беше изразена од страна на сенаторот републиканец Џон Мекејн, цитиран од Гласот на Америка.

Владимир Путин по своја волја ја направи Русија недостојна да биде дел од овој формат кога упадна во Украина и го анектира Крим, посочува Мекејн.
“Оттогаш тој не направи ништо што треба да го промени овој очигледен факт. Секој ден предводени од Русија сепаратисти убиваат Украинци во Донбас . Секој ден силите на Путин му помагаат на Асад да убива Сиријци . Секој ден преку убиства, сајбер напади и непријателско влијание Русија ги напаќе демократските институции ширум светот “. – додаде сенаторот.
Според неговите зборови, Трамп зборува за противниците на САД со почит , а треба со непочитување на презир .