Меланија Трамп „заробена“ во вила во Хамбург поради демонстрациите против Г20

од Vladimir Zorba

Првата дама на САД, Меланија Трамп останала заробена во луксузната вила-хотел во Хамбург, поради насилните демонстрации против самитот на Г20, кој денеска почнува во северниот германски град.

Меланија Трамп требало да учествува на настан за партнерите на лидерите што учествуваат, а бил организиран од Јоаким Сауер, сопругот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Сепак, поради насилните протести, не и било дозволено да излезе од вилата „Гостилница Сенат“, каде е сместена делегацијата на САД.

Слични содржини