Мелони повика на итен самит меѓу САД, Европа и сојузниците

од Даниел Ѓорѓиевски
39 прегледи

Премиерката на Италија, Џорџија Мелони повика на итен самит на кој ќе учествуваат САД, Европа и сојузниците, откако средбата помеѓу Зеленски и Трамп вчера доживеа целосно „фијаско“.

Таа смета  дека поделбите го прават Запад „послаб“ после вчерашниот вербален судир помеѓу украинскиот и американскиот претседател.

„Потребен е итен самит на САД, европските држави и сојузниците, за искрено да разговараме за тоа како ќе се справиме со денешните големи предизвици, почнувајќи од Украина, која ја браниме заедно во последните години“, изјави Мелони.

Мелони нагласи дека Италија ќе го испрати предлогот за самит во следните неколку часа.

 

Слични содржини