Меркел: Германија ќе даде 3 милиони вакцини на Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Германија ќе даде три милиони дози вакцини против ковид-19 на земјите од Западен Балкан, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

– И ќе го сториме тоа што е можно побрзо – додаде таа на прес-конференцијата по „Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан 2021 година“, на кој беше домаќин, објави Ројтерс.

„Убедена сум дека иднината на Западен Балкан е во вистинска обединета Европа“, рече неодамна таа.

Во видео порака во неделата, Меркел рече дека е среќна, иако тоа ќе биде само виртуелен состанок, што ќе и овозможи да продолжи да работи со шефовите на држави и влади на Западен Балкан, што беше лансирано во 2014 година, како дел од Берлински процес по иницијатива на Германија.

Слични содржини