Меркел го реализира големиот сон на Хитлер, кој сакал да е муслиман !?

од desk2
390 прегледи

„Наша несреќа е што сме избрале погрешната религија – муслиманската е мажествена и не води кон империја!?

Првото официјално тврдење дека исламот е дел од Германија, е изразено од тогашниот сојузен претседател Кристијан Вулф во 2010 година, кој рекол “Исламот му припаѓа на Германија”, потсетува tsargrad.tv.
Сојузниот канцелар Ангела Меркел доаѓа до заклучокот, велејќи постојано: “Исламот несомнено е дел од Германија”.

Од германските политичари само премиерот на покраината Саксонија Станислав Тилих, сопартиец на Меркел, приговара остро: “Јас не го делам тоа мислење. Муслиманите топло се примени во Германија и можат да ја пракитуваат својата религија. Но тоа не значи дека тие се дел од Саксонија. ”

Германците има да научат толку многу од грешките во историјата и не можат да ги запомнат сите. Дел од нив се поврзани со Хитлер, кој бил приврзаник на исламот. И тој сигурно би се радувал многу, ако види како Меркел и нејзините соборци го обистинија неговиот сон.

Зачувани се сепак доволно сведоци и точни цитати, снимени од опкружувањето на Фирерот, кои покажуваат дека тој го обожавал исламот и при погоден случај бил подготвен да стане муслиман.

“Нашето несреќа лежи во тоа дека сме избрале погрешна религија. Муслиманската религија … подобро би се вклопила од христијанството. Зошто требаше да биде христијанството со неговата покорност и апатија? “- се пожалил еднаш фирерот на министер за вооружувањето Алберт Шпеер.

Според Хитлер, токму исламот е религија на вистинските мажи и тој во многу поголема мера одговара на германскиот темперамент отколку на “еврејската одвратност и папското дрдорене” кое е во полза на христијанството.

Хитлер сожалувал што Франките ги победиле Арапите во Поитоу во (732), бидејќи тие како “муслимани преобратени Германци” може да се покажат да бидат на чело на создадената од Арапите муслиманска империја “.

Илзе Браун, сестра на повеќе годишната сопатничка на Хитлер Ева Браун, се сеќава дека фирерот често разговарал за исламот, така за време на разговорите на масата со својата свита “не еднаш го споредувал исламот со христијанството и при тоа не во корист на последново”.

Според неа, фирерот го сметал исламот за “силна и практична вера, а христијанството го нарекувал како мека, вештачка, слаба религија на страдањето”.

Зборувајќие пред своите соработници, Хитлер го нарекувал христијанството “организирана лага”, која им била “наметната” на Германците во VII-IX од век, и дека само “исламот уште може да ме потикне да се разбранува мојот поглед кон небото”.

На тема ислам расудувал и вториот по ранг човек во Рајхот – Хајнрих Химлер, шеф на злобната организација SS (SchutzStaffel) и на германската полиција: “Мохамед знаел дека повеќето од луѓето се ужасно плашливи, кукавици и глупави. Затоа тој ветил на секој воин кој ќе се бори мажествено и падне во битката, две позиции пред жените … Ова е засновано на длабока мудрост. Религијата треба да зборува на човечки јазик. “