МЕРКЕЛ ПОСТИГНА ДОГОВОР СО САД: Се одржа долгоочекуваниот разговор за Северен тек 2

од Stefanija Kuzmanovska

Соединетите држави и Германија постигнаа договор за рускиот гасовод „Северен тек 2“, ставајќи крај на долготрајниот спор меѓу двата сојузника по ова прашање, објави „Вашингтон пост“.

Врз основа на договорот, Германија се согласи да инвестира во украинската зелена технолошка инфраструктура, а САД ќе престанат да го блокираат гасоводот, наведува „Пост“.

Претходно во средата, германската канцеларка Ангела Меркел разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, неколку часа пред очекуваната објава за договор меѓу Германија и САД за спорниот гасовод „Северен тек 2“.

„Претседателот Путин и канцеларката Меркел изразија задоволство што изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ е при крај. Рускиот претседател ја пофали постојаноста и посветеноста на германската страна за реализација на овој проект, кој има само комерцијална природа и има за цел на подобрување на германската и европската енергетска безбедност“, стои во соопштението на Кремљ, пренесува ТАШ.

Слични содржини