Меркел се состана со лидерите на земјите од Западен Балкан (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Премиерите на земјите од Западен Балкан денеска во Тирана се сретнаа со германската канцеларка Ангела Меркел на заеднички работен ручек.

На заедничката средба учествуваат премиерката на Србија Ана Брнабиќ, премиерите на Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Косово Еди Рама, Здравко Кривокапиќ, Зоран Заев и Албин Курти и претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

Пред состанокот, беше направена групна фотографија со канцеларката Меркел во заминување, која стоеше во средината опкружена со учесниците.

По заедничкиот ручек, Меркел и Рама ќе се обратат пред медиумите.

Потоа германската канцеларка ќе има одделни разговори со премиерите на БиХ, Црна Гора, Косово и Северна Македонија.

Ангела Меркел вчера во Белград разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а пред денешниот работен ручек одделно се сретна со албанскиот премиер, Рама.

Меркел и Рама разговараа околу половина час, по што им се придружија членовите на делегациите на двете земји, а албанскиот премиер на канцеларката и подари „Sвезда на благодарноста“.

Слични содржини