Германскиот канцелар Ангела Меркел ja повика Велика Британија брзо да ги почне преговорите за Брекзит со Европската унија, откако премиерката Тереза Меј претрпе загуба на изборите во Велика Британија, информира AFP.
“Ние сме подготвени за преговори, не сакаме да се занимаваме со графика”, рече Меркел на прес-конференција за време на посетата на Мексико.
“Очекувавме резултати од изборите во Велика Британија. Ќе ги заштитиме интересите на 27-те земји-членки и во исто време се надеваме да останеме добар партнер на Велика Британија. Велика Британија е дел од Европа”.