Мерко: Со благи зборови не уриваме платформи, туку се отстрануваат во разговор со концесионерите

од Nikola Popovski

„Нападите кон општината Струга и мене се вообичаени и веќе навикнавме на нив. Сепак ние многу сериозно работиме“, вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за уривањето на платформите во градот, за емисијата „Топ тема“.

Според него, овие платформи се издадени со проектна документација во 2010 година од Министерството за транспорт и врски.

„Сакаме да кажеме дека не се уриваат платформите, туку се отстрануваат во разговор со концесионерите. Сакавме со благи зборови да направиме нешто без да се почувствува дека во Струга се урива или дека правиме штета. Воопшто не сум против Охрид, јас сум можеби и единствениот што сум ги заштитил и местата кај нив“, изјави Мерко, додавајќи дека објектите што се отстрануваат во Струга се легални и дека имаат дозвола, меѓутоа немаат концесија.

Слични содржини