Март започнува динамично, со промени и со многу нови можности. Што ве очекува видете во месечниот хороскоп.
Овен
Сонцето ќе влезе во вашиот знак. Ќе ве исполни со доверба во сопствените сили, со инспирација и оптимизам со енергија и магнетизам. Што е поубаво од тоа! Постојано ќе бидете во центарот на вниманието и “душата” на секое друштво.
Успехот ќе ве демне на секој агол. Професионалниот напредок ви е “во крпче врзан”. Ако сакате да го промените работното место или дури и природата на активностите, тогаш сега е моментот. Само запомнете едно: не се вообразувајте, не го трошете чувството за мерка, за да не се вратите назад.
Бик
Пролетта со бавен чекор се приближува и додека некои ѝ се радуваат и ја чекаат со нетрпение, тогаш другите имаат тенденција да западнат во длабока депресија. За среќа, тоа не сте вие. Но волно-неволно ќе треба да влезете во улогата “добрата самовила” и да ги утешувате тажните пријатели.
Што да се прави! Располагате со оптимизам во изобилство и можете да го подарите со полни раце. Нема причина за загриженост. Вие сте широко-скроен и знаете дека колку дадете двојно повеќе ќе добиете, па турнете го пријателското рамо каде треба.
Близнаци
Вниманието овој месец ќе биде насочено многу повеќе кон јавните настапи, отколку кон личните односи. Подготвени сте драстично да се фрлите кон секоја идеја која ви изгледа интересна, да дејствувате без сон и одмор.
Реализирајте се додека е време. Наредете ги приоритетите и распоредете го времето рамномерно меѓу работата, домашните обврски и саканите, бидејќи во спротивн од некаде ќе се појави бура. Ви претстојат интересни средби. Една ќе влијае врз иднината.
Рак
Едвај ќе ви остане време да биде досадно во овој месец. Подготвени сте на сè, под услов да ги реализирате поставените цели, да направите впечаток дека сте напреднале. Бидете спокојни. Работата ќе биде забележана, а трудољубивоста – високо оценета. Не е исклучено да ви предложат зголемување во позицијата, да ви ја зголемат платата или да ве поканат за учество во заеднички проект.
Во секој случај ќе имате прилика да се пофалите со достигнувањето. Заведени во работа најверојатно ќе заборавите да се грижите за себе. Енергетијата на моменти ќе биде доста нестабилна. Спасението е во редовната урамнотежена исхрана и рекреација во друштво на најблиските, на кои треба да се заблагодарите на соодветен начин.
Лав
Пролетта ќе ве исполни со нежни чувства на типичен начин. Сончевите зраци буквално ќе ве полнат со романтика. Односите на работното место и домот ќе се мирни, а со саканите ќе се хармонични и целосни.
Оптимистичкото расположение ќе биде извор на инспирација, благодарение на кое ќе се надминат професионалните тешкотии. Пробајте да бидете поскромни, избегнувајте ги вишокот трошоци. Создадете резерви.
Девица
Сите знаат колку сте организирани и доследни. Подготвени сте да помогнете за отстранување на секое безредие и по тој повод ќе ви се натрупаат прилично многу грижи. Роднините очекуваат од вас да се справите со сите битни проблеми, а колегите – со сите тешки случаи. Нема место за паника, важно е да ги совладате процесите, финалето ќе биде успешно.
За ваша радост, ќе добиете дополнителни финансиски приходи и можност да си организирате некакво интересно патување.

Вага
Пожелно е да ја почнете неделата со умерено темпо. Распределете ја енергијата така што ќе се избегнат состојби на исцрпеност, замор, недостаток на концентрација. Занимавајте се со комплексни задачи само кога ќе почувствувате дека ќе ве стигнат силите и нема да има потреба да заостанува започнатото по средината.
Следете ја интуицијата при решавање на личните односи. Во состојба сте да ги надминете постојните конфликти. Емитувањето ви е силно, не е исклучено да започнете нова романтична авантура.
Скорпија
Енергијата ви е стабилна и сте изненадувачки друштвени. Згора сте и многу привлечни. Сега е време да ги надминете конфликтите со колегите, соседите и роднините. Ќе создадете нови контакти и ќе ресетирате некои “заборавени” стари. И во двата случаи ќе си обезбедите можност за професионален напредок. Финансиите ви се стабилни. Не се исклучени и дополнителни приходи.
Стрелец
Едвај нешто би ви го спречило драстичното придвижување напред. Емитувањето ви е многу силно во овој месец, убедливи сте и ќе ја добиете потребната помош дури тогаш кога не сте барале помош. Во деловната и професионална сфера се можни благи препреки.
Ќе се справите повеќе од успешно, ако го намалите темпото и се сообразите со објективните услови. Односот кон блиските треба да е компромисен. Избегнувајте ги острите критики кои би предизвикале конфликти. Релаксираната домашна атмосфера целосно зависи од вас.
Јарец
Моќта во овој месец ќе биде во личните односи. Ќе се надминат конфликтите еден по еден и тоа во доста неочекувани моменти. Најпроблематичните спорови, овие на работното место ќе најдат решение дури и без директно ваше учество.
Тврдењата од минатото ќе бидат докажани во сегашноста. Ќе треба да се справите со битна хаварија или други технички тешкотии. Најверојатно ќе е поврзано и со дополнителни финансиски трошоци. Одлучете ја ситуацијата, но не правете штедење за сметка на својата безбедност. Ќе имате безусловна поддршка од страна на љубениот што ќе ја освежи вашата врска.
Водолија
Обидете се да ги намалите трошоците овој месец. Времето ќе е зафатено претежно со службени и професионални обврски, но треба да обраќате внимание и на случувањата дома. Некои настани може да ве занесат и да ја испуштите ситуацијата од контрола.
Енергијата и креативниот потенцијал се доволни за да се справите со тешкотиите. Иницијативата е во ваши раце. Ако е потребно да патувате, тогаш се подготвувате темелно.
Риби
Сонцето е во вашиот знак и тоа ви обезбедува доволно енергија. Дејствувајте со распон, дајте волја на имагинацијата. Некои пречки поврзани со личните односи може да го помрачат расположението, но не вреди да се обесхрабрувате.
Одлуките се од значење за врските. Дел од нив се лишени од содржината. Можеби е време да се надмине конзерватизмот и да ги завршите. За сметка на тоа новите контакти ќе се покажат далеку целосни и корисни. Наизменично менивајте ја активната работа со комплетен одмор.