Меси искрен: Бензема ја заслужи Златната топка

од Nikola Popovski

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси смета дека нема „сомнеж“ дека напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема ја заслужил Златната топка оваа година, изјави тој за весникот „Tyc Sports“.

„Јасно е дека Бензема имаше спектакуларна година и дека ја заврши на грандиозен начин, освојувајќи ја Лигата на шампионите“, изјави Меси.

Меси седум пати ја освојуваше Златната топка, наградата за најдобар фудбалер на годината, а моментално настапува за францускиот Пари Сен Жермен.

„Од осминафиналето на Лигата на шампионите, Бензема е клучен играч за Реал. Не се сомневам кој ја заслужи наградата оваа година“, додаде Аргентинецот.

Меси моментално се подготвува со репрезентацијата пред мечот на „Финалисима“ на кој ќе настапат Аргентина, актуелниот шампион на Јужна Америка и Италија, актуелниот шампион на Европа.

Златната топка ќе биде доделена на 17 октомври, по гласањето на новинарите од 100-те најдобри земји на ранг-листата на ФИФА.

Слични содржини