Меси не кажа ни збор, соиграчите го игнорираат?

од Vladimir Zorba

Во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Пари Сен Жермен со 3:1 и се пласираа во четвртфиналето.

Посебно внимание привлече една ситуација од синоќешната средба. Имено, Верати беше во шеснаесетникот на Реал и не му додаде на Меси, кој беше во одлична позиција.

Дали е тоа себичност, игнорирање на Аргентинецот или Верати едноставно не го видел? Одговор на тоа прашање нема да добиеме, но аналитичарите стигнаа до бројката од 20 голови кои Меси ги постигнал од таа позиција во Лигата на шампионите.

Странските медиуми наведуваат дека Меси по натпреварот не кажал ниту збор во соблекувалната, а дека ситуацијата во соблекувалната на најсилниот француски тим е хаотична говори и физичката пресметка меѓу Нејмар и Донарума која се случи по натпреварот.

Пред фудбалерите на ПСЖ останува само францускиот шампионат во кој по 27 кола се први со 13 бода повеќе од второпласираната Ница.

Слични содржини