Меси нема дилема кој ја заслужува „Златната топка“

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси, кој за прв пат по 2005 година не се најде на списокот на кандидати за „Златната топка“, смета дека Карим Бензема од Реал Мадрид ја заслужил наградата.

„Мислам дека нема да има никаков сомнеж оваа година. Карим Бензема имаше одлична сезона“, изјави Меси за Football Espana.

Аргентинскиот репрезентативец седум пати ја освојуваше „Златната топка“ и моментално е најдобар играч во светот во изборот на „Франс Фудбал“.

Триесет и четиригодишниот Бензема минатата сезона навистина блесна во сите натпреварувања и со Кралскиот клуб го освои шампионатот и шпанскиот Суперкуп, Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.

Французинот во сезоната 2021/2022 на 46 натпревари постигна 44 гола и забележа 15 асистенции.

Слични содржини