Меси нема постигнато гол или асистенција против Реал веќе 4 години

од Vladimir Zorba

Во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, Реал Мадрид го совлада Пари Сен Жермен со 3:1 и избори пласман во четвртфиналето на најсилното европско клупско натпреварување.

Да потсетиме, парижаните во првиот натпревар беа подобри со 1:0, а поведоа и во Мадрид. Сепак, во само 17 минути од вториот дел следеше големиот пресврт на Реал, за кој најзаслужен беше Карим Бензема кој ги постигна сите три гола.

Лионел Меси играше од првата минута во тимот на ПСЖ, но ова беше само еден во низата од неговите натпревари без ефект против Реал Мадрид. Имено, Меси на последните девет натпревари против Кралскиот клуб, како во дресот на Барселона, така и во дресот на ПСЖ, не постигна гол ниту асистенција. Последен пат такво нешто направи во финалето на шпанскиот Суперкуп, кога на првиот натпревар погоди за Реал.

Барселона ги загуби двата натпревари од Суперкупот таа година.

Слични содржини