Меси размислува за крај по Мундијалот, Ди Марија ја напушта Аргентина

од Nikola Popovski

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси најави можност да стави крај на кариерата за „Гаучосите“ и да продолжи да игра само во клупски фудбал.

„Размислувам за она што доаѓа сега, во Еквадор. По Светското првенство ќе треба да преиспитам многу работи“, искрен беше Меси.

Аргентина ја совлада Венецуела со 3-0, но тоа остана во сенка на изјавите на Анхел ди Марија и Меси.

Ди Марија нема дилема дека само што го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес, постигна гол и забележа асистенција.

„Би сакал само да ви се заблагодарам за големата љубов што ја добив.Отсекогаш сум сонувал за сето она што го поминав низ овие прекрасни ноќи.Ова веројатно беше мојот последен натпревар во овој дрес во Аргентина. Ви благодарам уште илјада пати“, рече Ди Марија.

Слични содржини