Мета отпушта уште 10.000 луѓе

од Nikola Popovski

Компанијата „Mета платформс“, мајката фирма на Фејсбук, денеска започнаа со нова рунда отпуштања, јавува Ројтерс.

Ова е дел од планот објавен во март за намалување на бројот на вработени во компанијата за 10.000.

Во март, Мета стана првата голема технолошка компанија која објави нов бран масовни отпуштања, откако веќе отпушти 11.000 луѓе наесен. На овој начин го вратија бројот на вработени на ниво од средината на 2021 година. Инаку, во споредба со 2020 година, бројот на вработени во Мета се удвоил пред масовните отпуштања.

Во март, Марк Цукерберг, шефот на Фејсбук, најави дека вториот круг отпуштања ќе се случи до крајот на мај, а некои помалку масовни отпуштања би можеле да се случат подоцна.

Во април, околу 4.000 вработени останаа без работа.

Делот од компанијата одговорен за развој на метаверзумот „Reality Labs“ загуби 13,7 милијарди долари во 2022 година.

Слични содржини