Мета за пресудата на Караџиќ: Ова е поука да се работи на соживот и хармонија меѓу народите

од desk4

Албанскиот претседател Илир Мета ја поздрави одлуката на Хашкиот трбунал да му изрече доживотна казна затвор на Радован Караџиќ.

Тој, како што напиша на Фејсбук, иако ја оценува како задоцнета правда, во неа гледа „апел да не се заборави етничката омраза и геноцидот кои извираат од неа“.

– Одлуката на Хашкиот трибунал, со која е осуден Радован Караџиќ, не е само задоцнета правда,туку над се апел да не се заборави етничката омраза и геноцидот кој извра од неа и поука неуморно да се работи за соживот и хармонија меѓу народите, нациите и етнитетите на Балканот, напиша Мета.

Слични содржини