Мециновиќ: Дали наши политичари ќе отидат на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград?

од Nikola Popovski

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ смета дека владините функционери нема да се појават на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ на 30-ти октомври во Благоевград, Бугарија.

-Убаво прашање е дали ќе отидат нашите политичари. Од опозицијата, ние минатата година бевме на одбележувањето на годишнината од смртта на револуционерот Јане Сандански во Пирин. Левица нема проблем со одбележување на македонската историја и не се срами од неа. Левица не се плаши да го изрази својот став кон силен македонизам кој ќе ја обедини нацијата, вели Мециновиќ во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини