Мицкоски и ДПМНЕ да одговорат за кумско-семејната врска и тендерот од 20.000 евра во ЈП Исар, бараат од СДСМ

од Nikola Popovski

Општина Штип, раководена од ДПМНЕ и градоначалникот Иван Јорданов ја тресе скандал со кумско-семејна врска за тендер на ЈП Исар, обвинуваат од СДСМ.

Посочуваат дека тендер вреден 20.000 евра на ЈП Исар Штип го има добиено фирма, на чии сопственици односно управители зет за ќерка им е кумашинот на градоначалникот на Штип.

„Освен што е кумашин на градоначалникот од ДПМНЕ, Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на истото претпријатие кое го доделува тендерот, ЈП Исар од Штип. Значи кумашинот на градоначалникот е член на Управниот одбор на јавното претпријатија а таткото на кумашинката на градоначалникот го добива тендерот вреден 20.000 евра“, истакнуваат од партијата на власт,

Наместо да молчат Мицкоски и ДПМНЕ, како што велат од „Бихаќка“, треба да излезат пред граѓаните и да одговорат за оваа кумско-семејна врска и тендерот од 20.000 евра во ЈП Исар.

Пред два дена, Јорданов реагираше дека соочени со рекордно низок рејтинг, СДСМ ја замајуваат јавноста со манипулативни прес конференции. Им порача дека наместо манипулирање преку прес конференции согласно законот за јавни набавки можат лесно да проверат како е водена постапката и дали има нешто незаконито.

Јорданов ги повикува СДСМ да се потсетат на времето кога актуелниот министер за транспорт и врски Бочварски, бил градоначалник на Штип, а неговата семејна фирма Пелагонија добивала набавки и склучувала договори за работа во општината и јавните претпријатија, реагира градоначалникот.

Слични содржини